EV
Fiat 500: Рекордни бројки за најомилениот Fiat
Минатата недела од производните ленти на фабриката на Fiat во Тики, Полска, произведен е Fiat 500 со сериски број, 2.000.000. Славеничкиот модел е екслузивец од серијата Fiat 500C Collezione, а опремен е со TwinAir турбо мотор со 85 коњски сили.
Тој е лидер на пазарот во девет европски земји и е меѓу првите три во уште други седум.
Во единаесетата година од неговото производсто со скоро 60.000 продадени примероци во Европа во првиот квартал на 2018 година, Fiat 500 го одбележа најдобриот квартал досега.
30 специјални серии произведени во последните 11 години, под ознаките на Fiat и Abarth, се тајната на неповторливиот успех на Fiat 500. Новиот уникатен модел на Fiat 500 Collezione го следи стилскиот свет и лимитираните серии, како што се моделот Fiat 500 60th и Anniversario, пуштени во продажба минатата година, за да ја одбележат 60 годишнината.
Низ континентот, но и вон него, и за сите генерации на возачи, овој модел одигра извонредна улога во развојот на автомобилизмот и на масовната моторизација.
Не е случајност што Fiat 500 од серијата F која се произведуваше помеѓу 1965-1972 година како најпопуларна и најпозната се најде во колекцијата на популарниот Музеј на Модерна Уметност (МоМА) во Њујорк.
Производството на популарниот Fiat, со лансирање на новиот модел, започна во Тики во 2007 година.
Овој модел стана и првиот градски автомобил во светот кој е избран за “Автомобил на годината во Европа” како резултат на високите перформанси. Со повеќе од 200.000 примероци годишно, вклучувајќи ги и двете марки Fiat и Abarth, денес полската фарбрика е една од најпрестижните FCA фабрики во светот. Фабриката е меѓу првите кои добиле највисоко златно признание за производство.