EV
Fiat за субкомпатните модели ќе ја употреби платформата на PSA
Традицијата мораше да отстапи пред бизнис интересите – идниот Punto ќе биде технички близнак на 208.
Историјата го памети Fiat како големо име кога во прашање се малите автомобили, но отсега неговото место ќе го зеде Peugeot.
Иако веродостојно се претпоставуваше, оваа одлука сепак непријатно ги изненади добавувачите на FCA, но не и купувачите – тие веќе предолго чекаа на нешто суштински ново од својата омилена марка.
Платформата на PSA досега беше предвидена за Peugeot 208 и 2008, Opel Corsa и Mokka и DS3 Crossback. Сите тие ќе имаат и електрични варијанти.
Планот на Fiat е да произведува по 400.000 возила годишно базирани на оваа платформа во својата фабрика во Полска, каде сега се произведуваат Fiat 500 и Lancia Ypsilon.