EV
Ferrari Monza SP1/SP2: Ферари отвара нова серија (видео)
Повикувајки се на почетокот на педесетите Ferrari претставува отворен едно(дво)сед со 810 КС кој може и преку 300 км/ч.
Тоа и не мора баш да ви го каже некој, доволно е да го погледете изгледот на Monza. При службеното претставување во родното Маранело, од ферари изјавија дека со тоа отвараат сосема нова серија која ја нарекоа „Icona“.
Убаво од нивна страна што се погрижија да ја споделат врвната технологија и со други, иновативни модели.
Иновативноста на концептот се состои во можноста на вградување на само возачко седиште или пак со отстранување на заштитната облога да се отвори место уште за еден патник кој ќе може рамноправно со возачот да ужива во неповторливо искуство.
Гледано од технолошки аспект нема никакви изненадување – во Monza SP1/SP2 се вградува врвната технологија со која располагаат италијанските мајстори на автомобилскиот спорт. И покрај влошената аеродинамика, Monza првата стотка ја фаќа за 2.9 додека втората за 7.9 секунди. Дали е потребно да се каже дека тоа го може само најсилниот V12 мотор од Маранело кој постигнува респектабилни 810 КС.
Видео снимката приложена подолу ќе даде вистинскиа слика за тоа што се случуваше во Маранело пред некој ден!
Технички карактеристики
- Мотор
- Тип: V12 – 65°
- Работен волумен: 6496 ccm
- Макс. силина: 810 КС (603 kW) при 8.500 врт/мин
- Макс. Вртежен момент: 719 Nm при 7.000 врт/мин
- Димензии и тежина
- Должина: 4.657 mm
- Широчина: 1.996 mm
- Височина: 1.155 mm
- Тежина: 1.500 kg (SP1), 1.520 kg (SP2)
- Перформанси
- 0-100 km/h: 2.9 sec
- 0-200 km/h: 7.9 sec
- Максимална брзина: над 300 km/h
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=ZNEoxsEXu4w[/tube]