Видео
Ferrari 812 Competizione [2*видео]
Ferrari уште минатиот месец ги најави најновите верзии на моделот 812 Superfast, за кои не се знаеше точно какви ќе бидат.
Сега веќе нема непознаници – се работи за ограничени серии на суперболидот на Ferrari чии ознаки кажуваат сé, и повеќе од тоа.
Тука треба да споменеме дека таа не е класичен отворен автомобил – кабриолет или спајдер, туку Targa со отстранлив централен дел од покривот направен од јагленородни влакна.
Овој ултралесен и суперцврст материјал се среќава насекаде во двата модела, најмногу во аеродинамичните додатоци.
Но под сето тоа 812 Competizione има и управување на сите четири тркала, нова верзија на Slide Slip Control динамичкиот систем и седумстепен F1 DCT менувач.
И другите технички компоненти на возилото како делови од моторот, тркала, сопирачките и други, се подобрени во согласност со името што го носи.
За крај, место десерт, информацијата дека моторот на 812 Competizione се врти до 9.500 вртежи во минута, но Ferrari не кажа колку луѓе навистина ќе можат да го слушнат додека се зад неговиот управувач, а не ја кажа ниту цената што ќе ја платат.