Во светот

Ferrari и официјално го најави Purosangue

Објавено на

 

Напереното коњче ќе заигра и на првиот SUV од Маранело – Ferrari конечно започна со официјално најавување на моделот за кој долго време се зборуваше.

На почетокот се демантираше дека марката воопшто некогаш ќе направи такво нешто, за потоа ставовите да еволуираат во Purosangue како што ќе се вика.

Иако некои тоа нема така да го сфатат, тој треба да биде врв во историјата на Ferrari кој отсекогаш знаел како да направи спортски автомобил.

Премиерата е закажана за крајот на годинава, до кога ќе се нагледаме бројни најавни фотографии и видеа.

Веќе првата фотографија изненади бидејќи на неа скоро во целост се гледа како ќе изгледа предниот дел на новиот модел.

За другото ќе се стрпиме.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.