EV
Duesenbeg SSJ од 1935 оди на аукција, се очекува цена од над 10 милиони долари
Аукциите организирани од Pebble Bach неретко знаат да понудат едни од најдобрите и најретките возила. Токму таков е Duesenbeg SSJ произведен во 1935 чиј горд сопственик бил Гари Купер.
Да но сето тоа заедно е вградено и во вкупно двата произведени примерока на американскиот спортски кабриолет.
Освен уникатноста обезбедена со производство на само два примерока, спектакуларни се и двајцата сопственици – холивудските великани, Клерк Гебл и Гари Купер.
Моделот SSJ има пократко меќуоскино растојание од SJ и J изведбите, вградениот мотор има надполнење, располага со осум линиски поставени цилиндри, од кои се истиснуваат околу 400 КС.
Постигнатата силина, помеѓу останатото, се должи и на двојната брегаста оска која покренува по четири вентили по цилиндар. Според фабричките податоци, безвременскиот убавец забрзувал до крајна брзина од 225 км/ч.
Уште еднаш да се потсетиме дека говориме за модел кој е произведен 1935 година. Кога ќе се погледне Duesenbeg SSJ по цели 83 години, очекуваната аукциска цена од 10 милиони долари се чини сосема коректна!