Во светот
DS X E-Tense: Асиметрична иднина (видео, 1:44)
Спортскиот бренд на Citroen ја проектира иднината преку концепт кој има спортски карактер, асиметричен облик, и се разбира, го движи електрика.
Во однос на обликот би можел да биде прикажан и после десетина години и повторно би бил уникат вреден на сето професионално внимание.
Оригиналниот облик го краси асиметрија. И тоа во сите детали. Примарно тоа се однесува на надолжниот облик кој на возачката страна нема класичен покрив, а има само едно седиште.
Од совозачката страна има две седишта кои имаат класичен покрив и се селосно одвоени од возачот.
Некој можеби уште пред две години ги предвидел пандемиските мерки за безбедност?
Секако дека тоа нема никаква врска со концептот, но под импресии на сите случувања со општото здравје, човек да помисли на решение кое и не би било така бесмислено.
Спортистот DS X E-Tense
Кога едно возило има носечка шасија изградена од карбонски влакна, јасно е како бел ден – тој има спортски амбиции. За карактерот грижа водел техничкиот тим од DS Formula E програмот. А тие баш знаат како да ги менаџираат спортските перформанси.
Ангажманот резултира со одлука да се вградат два електромотори во предниот дел на возилото.
Силината на тие мотори се регулира според избраниот начин на употреба и варира од минималните 400 kW (544 КС) па се до употребата на тркачка патека каде дисциплинирано построни чекаат 1.360 коњи (1.000 kW).
За да може да се употреби целата расположлива кавалерија тука е активниот систем на суспензија во која Citroen e ненадминлив лидер.
Можноста за автономно возење е веќе совладана лекција, од тој аспект за DS X E-Tense е резервиран највисокиот можен степен на управување без помош на човечкиот фактор.
Задоволство од уникатноста
Возењето со уникатно дизајнирани возила секогаш е пропратено со демонстрирање на карактерот на сопственикот. DS X E-Tense е и нешто повеќе од уникат. Без разлика дали во него ќе се возат три патника, два или пак само возачот ќе се натпреварува во некое релевантни првенство, тоа е неважно.
Сите подеднакво ќе уживаат целосен комфор и луксуз својствен за големите лимузини. Под услов временските прилики да одговараат за возење на мотоцикл – X E-Tense за возачот не обезбедува адекватна заштита од врнежи.
Основно прашање кај концептите се однесува на можноста да се види во продажните салони. Во однос на моменталниот технолошки развој нема никакви пречки тој веднаш да почне да излегува во халите за сериска продукција.
Но сепак, одлуката за нешто такво останува на стратезите на Citroen, чиј спортски бренд е присутен на глобалниот пазар.