EV

Defender ќе глуми во новиот филм за тајниот агнет, 007 (видео прилог)

Објавено на

Новиот Land Rover Defender ќе глуми во новиот филм на Џемс Бонд – од  импресивните филмски снимки е изработен видео материјал кој ќе биде употребен во рекламни цели.

Дваесет и петиот филм за агентот 007, чија светска премиера е закажана за почетокот на април, ќе се вика No Time To Die.

Зад оваа сувопарна информација се крие филмска акција која често пати ја надминува границата на возможното.

Актерите кои го играат Џемс Бонд се перцепирани како луѓе на кои им е овозможено користење на некои технологии од иднината.

Да, и возила од сегашноста! Така, во бркотниците помеѓу добриот агент и лошите момци, сега влегува и новиот Defender. Тоа го прави во стилот на можностите на 007, па така сведоци сме како покрај останатите воодушевувачки капацитети тој демонстрира и како изгледа вистински скок од 30-тина метри.

Ако повнимателно се погледне, соработката помеѓу Land Rover и EON Production (продуценти на целиот серијал) датира уште од 1983 година, па некако, појавувањето на британскиот луксузен теренец, доаѓа како нормално последица од таа стратегиска соработка.

Освен Defender кој е претставен минатата есен, во филмот се појавуваат уште и Range Rover Sport SVR, Series III Land Rover и Range Rover Classic.

Десетте користени Дефендери при снимањето на филмот се произведени во новата фабрика, Nitra во Словачка. Инаку сите се сериски модели Defender 110 X, во Santorini Balck изведба.

Погледнете го трејлерот, тој најдобро ќе ви долови за што се работи.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.