Во светот

Daimler AG го менува името

Објавено на

 

Компанијата чии корени влечат длабоко до првиот автомобил во историјата, од 1 февруари го менува името.

Согласно планот за раздвојување на автомобилскиот од камионскиот бизнис, Daimler AG од овој вторник официјално ќе биде преименуван во Mercedes-Benz Group AG.

Навидум формална, оваа статусна промена има за цел да ја зголеми капитализацијата и на двете производствени дивизии на досегашната компанија – камионската и автомобилската.

Со други зборови, акционерите повеќе нема да имаат забуни околу нивното берзанско позиционирање.

Досега до тоа доаѓаше заради суштинската разлика меѓу стратешките потези на раководството кои се однесуваа за заедничките цели кои не секогаш беа компатибилни.

Сега секој од бизнисите си е независен сам за себе, што значи дека никакви компромиси околу брзината или интензитетот на развојот на технологиите не се неопходни.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.