EV
Daimler ќе продава само електрични градски автобуси
Електрификацијата сериозно го зафаќа и автобускиот сектор – Daimler од 2030-та планира во Европа да продава само електрични градски автобуси.
Daimler лани продаде вкупно 18.736 автобуси, но не ја откри нивната структура – ниту според намената (градски, приградски, туристички), ниту колку од нив се електрични.
Сепак не се многу – првиот електричен автобус Mercedes eCitaro беше лансиран во 2018 година и досега на европските патишта ги има повеќе од 600.
За да бидат повеќе не е доволно само да се зголеми нивното производство, туку и да се промени инфраструктурата, која не е иста како за електричните автомобили.