Во светот

Dacia Spring го раздрма европскиот пазар на електрични возила

Објавено на

 

И тоа на два пати – првиот пат со цените во Франција, а потоа и во Германија.

Хронолошки, кога беше објавено дека електричното првенче на Dacia во Франција ќе се продава за 16.990 евра, следеше изненадување кое и не беше тоа бидејќи такво нешто беше и порано најавено.

Не буквално со бројки, ама доста конкретно со зборовите дека Dacia Spring ќе донесе  револуција на европскиот пазар на електрични возила, па кој разбрал а кој не.

Но веста на Французите беше дополнета и со податокот дека Dacia Spring со вклучени државни бенефиции таму ќе чини предизвикувачки 12.403 евра.

Тоа беше сосема доволно да му се прости на Renault што овој модел има електромотор со едвај 44 коњски сили, неспособен за било какви пристојни перформанси.

За среќа батериите со кои е опремен Spring не се докрај осакатени и овозможуваат автономија од колку-толку пристојни 230 километри.

Но додека светот сé уште се думаше дали сето ова вреди воопшто да се размислува за него, од Германија стигна вест дека таму Spring ќе се продава за само 10.920 евра.

Да бидеме прецизни, неговата регуларна цена е 20.490 евра, ама со широкоградоста на германската влада е награден со државни бенефиции од дури 9.570 евра, што на крај се сведува на споменатата сума.

Како капак на сé доаѓа и информацијата за основната опременост, која од францускиот модел кој таму се продава за безмалку 1.500 евра повеќе, сериски има и клима уред и уште некои додатни ставки.

На крај, кога ќе се повлече црта под сето ова, фактот дека на Dacia Spring ѝ требаат 19,1 секунди да забрза до сто на час и дека за неа ќе најдеме уште мал милион замерки, битни и помалку битни, паѓаат во длабока вода.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.