EV

Dacia Sandero Stepway со разочарувачки резултат на EuroNCAP тестовите

Објавено на

 

На најновите тестови за безбедност Sandero Stepway воопшто не се прослави – од можни пет освои само две ѕвездички.

Безбедносните тестови познати како EuroNCAP (European New Car Assessment Programme) се воведени во 1996 година, со цел испитување на безбедносното ниво на новите возила.

Тоа се комплексни испитувања при што автомобилите подлежат на серија стандардизирани импакти, а во последните години е воведено и оценување на безбедноста опрема, надворешните учесници во случај на судир, како и на вградените безбедносни системи.

Тестовите се изведуваат врз доброволна основа, а резултатите од нив конструкторите ги користат како драгоцени искуства во развојот на новите безбедносни системи.

Токму на тие тестови, третата генерација на Dacia Sandero Stepway воопшто не се прослави. Напротив, поминаа неславно освојувајќи само две од можните пет ѕвездички. Посликовите кажано, тоа е ниво на безбедност еднакво на кинеските возила наменети исклучиво за домашниот пазар.

Ако побараме причини за незадоволувачката безбедност, пред се, тука се наметнува употребата на новата корпорациска, CMF-B LS (Low Specification) платформа која е резервирана само за моделите на Dacia.

Кога ќе се погледне извештајот на EuroNCAP најпрвин паѓаат во очи изразито слабата заштита (при удар) на пешаците и останатите ранливи категории (41%) како и безбедносните системи за асистенција (42%).

Заштитата на патниците (70%) и децата (72%) во возилото се на долната граница на прифатливост. Сé на сé, резултатот воопшто не е охрабрувачки за сите идни корисници на нискобуџетниот суб-компактен кросовер.

Видеото подолу е преземено од официјалното соопштение на EuroNCAP.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.