За деновите што следат Dacia ја најави презентацијата на Jogger, кој во основа е семеен автомобил за бегство во природа.
Со име кое асоцира на спорт, природа и позитивна енергија, Dacia Jogger ќе покаже како според нив треба да изгледа совршен автомобил.
За да биде тоа, најпрво треба да биде простран и поволен – доказ за првото е дека ќе има 7 седишта, а за второто ќе почекаме да ја дознаеме цената.
Во основа замислен како кросовер наследник на Logan MCV, новиот модел ќе се смести во гамата меѓу Sandero Stepway и Duster.
Краткото видео ни открива некои детали за него, но вистински каков ќе биде го запознаеме веќе во петок.
