Во светот

Dacia стигна до 10 милиони

Објавено на

 

Од производствената лента на фабриката во Миовени во Романија се симна 10-милионитото возило на Dacia.

Најпродаван модел во 54-годишната историја на Dacia е Sandero, од кој заедно со неговата Stepway изведба се произведени 2,6 милиони примероци.

Следи легендарната Dacia 1300 која живеејќи сé до 2006 година освои 2,3 милиони купувачи, меѓу другите земји и во Белгија, Обединетото Кралство, Канада па дури и во Франција.

Апсолутниот хит од кој е и јубилејниот автомобил, Duster, стигна до 2,1 милион, а Logan до 1,95 милиони произведени единици.

Dacia која од 1999 година е во состав на групата Renault, отсекогаш била поврзана со францускиот производител – првиот произведен автомобил беше моделот 1100 по лиценца на Renault 8.

Освен во Романија, нејзините автомобили со логото на Dacia, Renault или Nissan, се произведуваат уште и во Мароко, Алжир, Кина, Русија, Колумбија, Аргентина, Бразил, Јужна Африка, Иран и Индија.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.