Во светот
Dacia со ново лого
Како што беше најавено уште во јануари, Dacia има нов бренд-идентитет.
Романската марка го менува стилот на буквите со кои е испишано името на компанијата, а паралелно се воведува и ново лого.
Добра вест е дека од Dacia потврдуваат дека ќе останат верни на своите корени, дефинирани преку едноставноста, автентичноста и робусноста по фер цена.
Натписот на марката и самиот амблем кои ги имаат осмислено дизајнерскиот тим на компанијата ќе започнат да се воведуваат од половината на идната година.