Во светот
Dacia го претстави новото лого
Романскиот производител го претстави новото лого кое во иднина постепено ќе се воведува во сите нови модели на гамата.
По освојувањето на пазарите, одговорните во Dacia одлучија да се позанимаваат и со имиџот на своите модели.
Истиот визуелен идентитет ќе го краси и големиот SUV, Bigster кој би требало набргу да се најде на европските пазари.
Новиот брендинг премиерно ќе биде поставен во Duster и Sandero Stepway, а за повпечатлив настап одбрана е посебна сива боја со кровни носачи обоени во црно. Оваа комбинација ќе се испорачува до крајот на годината.
На задниот дел веќе нема да стои името на моделот туку натписот „Dacia” кој исто така е наново стилизиран, и изработен во хармонија со новото лого.
Унифицираниот стил доаѓа истовремено со настапот на Австралискиот паазр во кого се полагаат големи надежи.