Видео
Czinger сака да биде најбрз автомобил во светот [видео]
Претставен е лани, но дури сега имаме прилика да дознаеме нешто и за производствената изведба.
Czinger 21C во секој поглед е посебен, бидејќи се работи за хиперспортски модел со 2,9 литарски твин-турбо V8 мотор кој се врти до 11.000 пати во минута, а како гориво може да користи и метанол.
Дел од технологиите и принципот на функционирање се преземени од формула 1, но она што е битно е дека дава 1.250 коњски сили.
Со оглед дека Czinger 21C тежи 1.240 килограми, станува јасно зошто до 100 km/h може да забрза за само 1,9 секунди и постигнува максимални 452 km/h.
Оние кои ги заинтересира ова треба да знаат дека се нуди во две верзии, со цени кои започнуваат од околу 1,7 милиони долари.
За другите, пак, ќе биде доволно да го погледнат видеото или да кликнат тука.