EV
Cupra Born – претпремиера [видео]
Шпанците ја закажаа премиерата на Cupra Born за 25 мај, но не можеа да издржат а да не го покажат.
Дека е при крај со развојот на електричниот хечбек Seat најави минатиот месец со серија информации од финалните тестови близу арктичкиот круг.
И овој автомобил е базиран на Volkswagen MEB платформата како и ID.3 и останатите, заради што ќе се произведува заедно со нив во фабриката во Цвикау во Германија.
Според досегашните најави ќе има електромотор со 204 KS кој ќе ги задвижува задните тркала и батерии од 77 kWh за автономија од околу 500 km.
Подоцна се очекува и помоќна поспортска варијанта со два електромотора, погон на сите четири тркала и буст-функција која ќе овозможи повеќе сила во краток временски период.