Uncategorized
Citroën ë-C4 и C4 : Сакате елктрика, бензин или можеби дизел?
Новиот Citroën C4 доаѓа со бензиски и дизел мотори, додека ë-C4 ќе биде придвижуван само од електрична енергија.
Принципот, врз една платформа да се градат модели кои се придвижуваат на бензин или нафта но и на чиста електрика, во PSA веќе стана службена стратегија.
Посветеноста кон развој на возила со нулта емисија како и богатото SUV-портфолио дава одлични резултати.
C3 Aircross SUV и C5 Aircross SUV во Европа лани се продадоа во 300 односно 200 илјади примероци.
Ако се знае дека на компактните хечбек верзии им припаѓа 28% од Европскиот пазар, тогаш станува јасна посветеноста на Citroen кон новите ë-C4 и C4.
Тие што ја сакаат уникатноста на изгледот и функционалноста на креативната технологија, воопшто и не размислуваат за алтернативни решенија.
Во поглед на комфорот, тоа е поле на кое Citroën не остава воопшто простор за било какви подобрувања.
Системот Advanced Comfort® programme кој вклучува прогресивни хидраулични перници, способен е за „пеглање“ на сите нерамнини.
Тоа е традиција од која никој не сака да отстапи.
Новитетие ë-C4 и C4, Citroën ќе ги претстави кон крајот на месецот кога ќе бидат соопштени и целосните технички детали.
текст: Агрон Сулејман
фото: Citroen