Во светот

Citroen C4: Креативно толкување на мултиенергетски опции

Објавено на

Го немаше некоја година на пазарот за сега да пристигне на струја, бензин или дизел

Првите фотографии на новиот Citroen C4 ги видовме пред две недели, но тогаш францускиот производител не ни кажа ниту збор за него. Сепак го дознавме најбитното – дека ќе биде понуден со три типа мотори – бензински, дизел и електричен.

Иновациите кај него започнуваат со дизајнот – тој веќе не е класичен хечбек, туку како што трендовите наложуваат тргна накај кросоверскиот сегмент, нешто што порано беше неговиот полубрат DS 4.

Доста самоуверено мора да признаеме – после ваквиот комплетен пресврт Citroen C4 стана интересен автомобил со необичен и привлечен изглед. На предниот дел се истакнуваат два пара светла (ЛЕД ленти горе и исто ЛЕД светла долу) кои заедно со маската ја формираат буквата, X.

Погледот на бочните страни открива трендовска купе линија која завршува со подигнати крила, спуштено стакло и атрактивен спојлер. Заради малку намуртениот заден дел кој ја истакнува агресивноста ќе биде неможно новиот C4 да не се забележи.

Во внатрешноста очекувано владее дигиталната технологија. Пред возачот е електронска инструмент табла, а над централната конзола 10-инчен екран чувствителен на допир преку кој се управува со повеќето функции на возилото. Но не со сите – контролите на климатизацијата се со класични копчиња, што е за секоја пофалба.

За комфорот во возењето се задолжени Advanced Comfort седиштата и ослонувањето со хидраулични граничници, а за безбедноста дури 20 системи за помош на возачот.

Бензинската моторна понуда ја сочинуваат PureTech агрегатите со 100, 130 и 155 KS, дизелската BlueHDi моторите со 110 и 130 KС, додека електричната верзија ја има познатата погонска група од 136 KS, чии батерии од 50 kWh обезбедуваат автономија од 350 километри.

Производството на новиот Citroen C4 ќе започне при крајот на летото, а во продажните салони ќе се најде во последниот квартал годинава, по засега непознати цени.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.