Во светот

Citroen Ami One Concept: Визија од визионерите (видео)

Објавено на

 

На престојниот салон во Женева, а по повод 100 години од постоењето  Citroen ќе се претстави со концептен објект за урбан превоз.

Концептот Ami One е мал и лесен превозен објект. Избегнувањето на вообичаената терминологија (автомобил) и инсистирање на називот „објект“ го диктира самиот производител.

Инаку се работи за електрично возилце со екстра компактни димензии кое може да се управува и без возачка дозвола.

Должината од 250 cm со квадратен пресек (широчина и височина од  150 cm) и тежината од 430 kg би требало да се гаранција содржаен,  урбан превоз за две особи.

Комбинацијата на комапктни димензии и чисто електричен погон се чини како идеалено решение за пренатрупаните градски улици, кое секако ќе биде пропратено со одобрувачко климање со глава на загрижените екологисти.

Малите димензии со кои се соочиле дизајнерите воопшто немале влијание на атрактивноста на концептот. Тука ситроеновци и до сега се истакнуваа, а гледајќи го Ami One заклучуваме дека инспирација воопшто не им недостасувала.

Во надворешниот дизајн се истакнуваат симетричните делови, со посебен акцент на отварањето на вратите. Внатрешноста е една нова приказна која креаторите на Citroen ја раскажуваат во дигитален стил.

Citroen Ami One Concept освен за личен превоз идеален е за изнајмување или пак за користење од повеќе личности (Car Sharing).

За таа цел Citroen користи веќе разработени апликации па затоа овој превозен објект го промовира како возило кое може да се изнајми најмалку за период од 5 минути, па потоа за 5 часа, 5 дена па сé до 5-годишен лизинг.

Техничките карактеристики? Оди добро, брзо се полни преку поставена мрежа од соларни панели, а и автономијата е солида! Добро ова се наши претпоставки (службени податоци сеуште нема), но повеќе од сигурно е дека ќе биде така!

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=b6iTZXOfJr0&feature=youtu.be[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.