Во светот

Citroën AMI 6: Прослава на 60-ти роденден

Објавено на

 

На 24 април 1961 година јавноста се запозна со AMI 6, еден од моделите на Citroën кој ја моторизира француската нација.

Таа 1961 година екстравагантниот DS веќе беше етаблиран како уникатна луксузна лимузина со технологија која беше барем неколку децении пред своето време.

Во исто време конструкторите на Citroën требаше да осмислат наследник на 2CV (Спачек) кој ќе биде достапен на пошироката пиблика. Дизајнерот Flaminio Bertoni иамше прецизна идеја како тоа да го изведе – се роди Citroën AMI 6. Резултатот ја воодушеви јавноста.

Со едноставна механика – боксер мотор од два цилиндри (602 ccm) смесетн напред, погон на предната оска, менувач со четири степени, надалеку познатата амортизација – беше промовиран како идеално превезоно средство за дамите. Лично сопругата на претседателот Шарл де Гол поседуваше еден од првите примероци.

Но како што тоа бива со успешните модели, една деценија по претставувањето, AMI 6 ќе го купат над милион лубители, и тоа без разлика на било каква припадност.

Премиерниот модел ќе го носи толку карактеристичното задно стакло кое е поставено под негативен агол, или како што тогаш е опишан, во облик на буквата „Z“. Предноста на ова решение е што стаклото останува чисто и при врнежи, а приговорите дека ја нарушува хармоничната линија и го намалува расположливиот простор, набргу ќе бидат решени.

По три години проведени на пазарот се појавува караванската верзија која ќе се покаже како полн погодок. Квалитетите на караванот веднаш се препознаени, па неговата продажба доминира над основната верзија. Конечниот однос покажува дека 53.5% од купувачите се одлучиле за попросторната верзија.

Од механички аспект гледано, во текот на децениското производство, големи промени не се случуваат .

Своето место не го отстапува водено ладениот боксер мотор со два цилиндри кој од почетните 22 КС, со тек на времето добива по додатни 2 КС за да пред крајот на производството бројката достигне 28 КС, што е доволно за постигнување брзини од околу 120 км/ч. Од истиот мотор постои и верзија од 35 КС но таа е изработувани само за специјални намени.

Citroën AMI 6 се прозиведува во Парис и Рен, потоа во Форест (Белгија), но и во Катила (Аргентина) каде возилото се монтира со делови пристигнати од Франција.

Кога се навраќаме во минатото најчесто поставувано прашање е, зошто некои модели оставаат толку длабока трага кај автомобилските фанови. На ова едноставно прашање, одговор е речиси невозможно да се даде.

Во случајот со AMI 6 можеби е тоа прекрасната внатрешност инспирирана од DS или можеби едноставната употреба, безвременскиот дизајн, практичноста, … Или можеби сето тоа заедно. Кој би знаел, но едно е сигурно, AMI 6 ја има толку карактеристичната душа и топлина која не може да се опише, туку само да се почуствува.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.