Во светот
Chevrolet претстави чудовиште од мотор
Ма каква електрификација – Американците како и многу пати досега во историјата се исмеваат на другите кога се во прашање автомобилите.
Поинаку никако не може да се сфати веста од Chevrolet која пристигнува во најголемиот жар на електрификацијата, како во светот, така и кај нив.
А тој токму и тоа е – има работна зафатнина од точно 10,35 литри, моќност од 1.004 коњски сили и максимален вртежен момент од 1.188 њутн-метри.
Се врти до 7.000 пати во минута, според конструкцијата е V8, без турбо компресор или било каква електрификација, а дека троши бензин, конкретно 93-октански, се подразбира.
Повеќе нема ништо да кажеме освен дека литар бензин во моментов во Америка чини 3,37 долари за галон, односно 47 денари за литар. Ама who cares, еднаш се живее!