EV

CATL прави голем техношки чекор во понудата на батерии

Објавено на

 

На салонот во Пекинг CATL претстави батерија која со 10-минутно полнење може да помине до 600 километри.

CATL, најголемиот производител на батерии на глобално ниво, претстави батерија која е означена како пресвртен момент во снабдувањето на електричните возила.

LFP (литиум-железо-фосфат) батеријата наречена Shenxing Plus има за цел да го реши најголемиот проблем за возачите на електрични автомобили – грижата за останување без струја.

Оваа нова технологија обезбедува импресивен опсег од над 1.000 km со едно полнење, како и супербрзо полнење кое за само десет минути овозможува автономија од цели 600 km.

Со тоа Shenxing Plus може многу да ги олесни патувањата на долги релации, што сеуште важи за најгорлив проблем на електричните возила. Притоа бетријата на CATL е многу попријателски настроена и кон природата.

Новата технологија на производство на батерии е апликативна веднаш, а тоа значи дека врвните модели снабдени со овој тип батерии ќе може набргу да се најдат во сериска понуда.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.