Техника

CATL: Нови батерии се двојно поголема густина на енергијата

Објавено на

 

Кинескиот CATL, најголемиот снабдувач на батерии во светот, се залага за поголема густина на енергија со цел да ја зголеми ефикасноста на електричната мобилност.

Компанијата ја претстави „кондензирана батерија“ со густина на енергија од 500 ват-часови по килограм, која наскоро треба да влезе во сериско производство.

Таа енергетска густина – двојно поголема од сегашните батерии за EV – овозможува зголемен досег без да го направи пакетот батерии преголем и тежок за употреба.

За да го постигне ова, CATL користи „катодни материјали со ултра висока енергетска густина како и иновативни материјали за анодни.

Освен во автомобилите новите батерии ќе може да се употребуваат и во малите патнички авиони. За таа цел CATL соработува со партнери во заедничкиот развој на електрични летала.

Всушност, новите батерии првенствено се наменети за авијацијата, а како „страничен ефект“ (можеби и како основна намена) ќе бида употребата во автоиндустријата.

Дополнително, густата енергија на батеријата не е единствената нова технологија што ја развива CATL.

Претходно компанијата ја објави својата прва сериска натриум-јонска батерија, за напојување на EV за кинескиот бренд Chery.

CATL ги откри своите натриум-батерии во 2021 година, тврдејќи дека има способност за полнење до 80% за 15 минути.

Исто така, кинескиот производител ја нагласува својата технологија cell-to-pack tech како средство со кое може да обезбеди највисока густина на енергија во производството на EV.

Првото сериско возило што ја користи оваа технологија е електричното комбе Zeekr 009 кое треба да започне со испораки во Кина кон крајот на годината.

Компанијата оваа недела, исто така, ги објави плановите да го направи производството на батерии неутрално јаглеродно до 2035 година – многу порана од останатите конкуренти.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.