Во светот
Car of the Year 2022: Објавени финалистите
Жирито од 61 член составено од автомобилски новинари од 23 земји ги објави финалистите за титулата „Автомобил на 2022 година“ во Европа.
Од номинираните 40 новитети кои се појавија на пазарот годинава (погледнете ја целосната листа тука), тие ги избраа следниве
- Cupra Born
- Hyundai Ioniq 5
- Peugeot 308
- Škoda Enyaq iV
- Ford Mustang Mach-E
- Kia EV6
- Renault Mégane E-Tech
Веднаш се забележува дека шест од нив се исклучиво електрични возила, без бензинска верзија, додека седмиот засега е само плаг-ин.
Својата одлука за тоа кој ќе ја понесе титулата жирито ќе ја објави на 28 февруари идната година.