Во светот
Cadillac ќе им плаќа на дилерите кои ќе се откажат
Во време кога сите се колнат дека иднината на авто-индустрија е во електричните возила, има и такви кои попрво ќе го напуштат бизнисот отколку да ги продаваат.
Имено, General Motors им понуди од 300.000 до над милион долари на дилерите на Cadillac кои ќе се откажат од натамошно работење.
Тие сметаат дека вложувањата во потребната опрема и алати за нивно одржување, обука на механичарите и инфраструктурата за полнење се превисоки и нема да се исплатат.
Затоа како компромисно решение со кое ќе бидат задоволни сите, раководството на General Motors се реши да им плати на оние што ќе го напуштат бизнисот.
Оние пак што ќе останат ќе можат да сметаат на повисока продажба, со која полесно ќе ги вратат вложените пари.
Тоа се главно дилери во руралните средини кои покрај другите марки на General Motors од Cadillac продаваат меѓу 50 и 75 возила годишно, заради што не ја делат визијата за иднината.
Тие ќе имаат право уште наредната година да продаваат нови, а половни возила до 2024-тата.
Од GM одбиваат да кажат колку сето ова ќе влијае на нивните планови за масовна електрификација.