EV
BYD и Toyota: кинеско-јапонска електрична коалиција
BYD Toyota EV Technology Co. (BTET) е името на новата заедничка компанија во која ќе бидат вклучени 300 инженери за истражување и развој на батериски електрични возила (БЕВ).
Во бизнис активностите на заедничката компанија е запишано дека ќе работат на дизајнирање, развој и усовршување на платформи и компоненти за батериски електрични возила.
„BYD и Toyota ќе работат заедно за да ги задоволат различните потреби на клиентите со истражување и развој на БЕВ кои ја промовираат нивната употреба, а воедно се надеваат и на свој допринос за подобрување на животната средина во Кина“, изјавуваат од новата компанија.
Идејата за заедничко вложување е родена минатото лето, во BTET двете компании влегуваат во однос 50:50, а операционализацијата се очекува да започне во мај месец годинава.
Од страна на кинезите понуден е нивниот суб-бренд, FinDreams кој произведува компоненти а по извршените додатни консултации може да се вклучи и нивниот оддел за производство на батерии BYD Blade Batteries.
Ако се оди по планот, во втората фаза би се преминало и на заедничко производство на возила. Ако судиме според приложените скици, електричната иднина ќе изгледа прилично возбудливо!