Во светот

Bugatti Type 57S Atalante понуден на аукција (VIDEO)

Објавено на

 

Еден од 17-те произведени примероци на прекрасниот Bugatti од 1937 година оди на аукциска продажба – се очекува да достигне цена од над 7 милиони долари.

Ниту еден Bugatti не е евтин. Ниту некогаш бил, а највероајтно никогаш нема ни да биде.

А речиси и два идентични возила нема да бидат направени – сите на некој начин се оригинали кои се прилагодени на посебните желби на купувачот.

Затоа секое појавување на некој модел на продажба предизвикува нескриен интерес.

Колекционерите со посебно внимание ја проследија објавата за аукциска понуда на Bugatti Type 57S Atalante со година на раѓање 1937, кој е произведен во само 17 примероци.

Внимавајте на годината на производство и забележете дека овој технички бисер го придвижува 3.3 литарски мотор, со осум цилиндри и линиска архитектура кој произведува 220 КС. За сопирање биле задолжени диск сопирачки на сите тркала.

Специфичната фигура со уникатни пропорции е дело лично на Jean Bugatti, што само по себе значи уникатност и неповторливост. Идентично како и уникатноста на 17-те произведени примероци.

Аукциската куќа Good & Company која се јавува како организатор на продажбата, очекува понудениот примерок да достигне цена од над 7 милиони долари, што се рабира, е далеку повеќе од нов примерок на актуелните уникати кои со во понудата на Bugatti.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.