Во светот
Bugatti La Voiture Noire: Најскапиот нов автомобил во историјата (видео)
La Voiture Noire е рачно изработен Bugatti за кој сопственикот платил 18 милиони евра.
Како што и приличи на човек со таква репутација, направено е купе врз база на Chiron.
Уникатноста на рачно изработениот хипер спортист заслужува и посебно име: La Voiture Noire (на француски, црн автомобил).
Изработен целосно од карбонски влакна, La Voiture Noire го придвижува мотор од 16 цилиндри распоредени во W-конфигурација.
Осумте литри работен волумен потпомогнати од четири турбо полначи испорачуваат 1.500 КС и момент од 1.600 Nm.
Тој е произведен во раните триесетти, пренесен преку Атлантикот и потоа, по втората светска војна му се губи трагата.
Посебните нарачки имаат и посебна цена. Bugatti La Voiture Noire е проаден по цена од околу 18 милиони евра.
Претседателот на Bugatti, Стефан Винкелман се пофали дека тоа е најскапиот нов автомобил во историјата. Останува да и веруваме на оваа изјава!
За да создадете вистинска слика за што точно се работи, ви предлагаме да го погледнете приложеното видео.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=Ogobj6NVVFs[/tube]