EV
Bugatti Chiron Sport Les Légendes du Ciel [видео]
Bugatti подготви уште едно специјално издание на Chiron, наречено Sport Les Légendes du Ciel.
Креирано е во чест на успесите на Bugatti во авио-индустријата и на трките на почетоците на 20-тиот век и ќе чини 2,88 милиони евра.
Маската на Chiron Sport Les Légendes du Ciel е црна, а на неколку места се среќава лого на авионски мотор кое се проектира на тлото при отворање на вратите.
Се среќава и во ентериерот со браон кожа, алуминиумски детали и скици на Nieuport 17 авионот и Bugatti Type 13 болидот на облогите на вратите.
Моторот е познатиот осумлитарски W16 со 1.500 KS и 1.600 Nm, облагороден со издувен систем од Inconel.
Серијата на Chiron Sport Les Légendes du Ciel e ограничена на 20 примероци.