Видео
Bugatti Baby II: Детската насмевка нема цена (ВИДЕО)
Но цена има она со кое таа се извлекува од детските лица, која во овој случај е многу, многу висока…
Оваа уникатна играчка била замислена само за него, но станала толку популарна што компанијата започнала да ја произведува и ја продавала сé до 1936 година.
Водејќи се со истата идеја, менаџментот на модерниот Bugatti лани во Женева го претстави од него инспирираното автомобилче.
Baby II како што го нарекоа, сега е поголем и наменет за дена постари од 14 години. Има три верзии, со електромотор од 1, 4 или 10 kW и батерија од 1,4 или 2,8 kWh, која обезбедува автономија од 25 или 50 km.
Основната верзија може да постигне 20 km/h, средната наречена Expert 45, а најсилната Vitesse дури 70 km/h.
Многу детали потсетуваат дека Bugatti Baby II е целосно функционален автомобил со намалени димензии – хидрауличните сопирачки, диференцијалот со ограничено пролизгување, карбонската каросерија…
Во согласност со сето тоа е и цената – 30.000 евра за основната, 43.500 за Vitesse и изведба и неверојатни 58.500 евра за Pur Sang, плус давачките према државата.
Ќе бидат направени 500 примероци, а со купувањето на некој од нив следува и членство во The Little Car и Bugatti Owners клубовите.