Unite Gallery Error:

Gallery with alias: BMWZ4 not found
BMW Z4 M40i First Edition: Првични податоци за баварскоит родстер - Autoinfo.mk

EV

BMW Z4 M40i First Edition: Првични податоци за баварскоит родстер

Објавено на

 

Калифорнија и познатиот автомобилски фестивал Concours d’Elegance се избрани за светска промоција на новиот баварски родстер, BMW Z4 M40i.

Пред точно една година во заливот Pebble Beach во близина на Монтереј, јавноста за прв пат го виде новиот двосед на BMW чиј мек кров може електрично да се спушти.

Долго очекуваната сериска верзија од првично прикажаниот концепт се разликува само по ситни детали. Значи тоа е тоа – новиот Z4 M40i со додавка First Edition деновиве го доживеа своето службено деби.

За ширико отварање на пазарните порти задолжена е најспортската „М“ верзија која ослободува 340 КС.

Долгиот нос на родстерот јасно дава до знаење дека под хаубата има простор за надолжно вградување на линиски мотор со шест цилиндри. Најснажната верзија ја користи токму таа прилика за да на задната оска пренесе изобилство на вретежен момент.

Погонот на задната оска кој се одвива преку M Sport диференцијалот, овозможува фаќање на првата стотка за 4.6 секунди.

M Sport сопирачките имаат задача безбедно да го сопрат родстерот а електронски контролираните амортизери (M Sport, нели?) да овозможат адекватно „лежење“ на патот при секаков начин на употреба.

Идеалната распределба на тежината по оски (50:50) кај BMW е веќе одомаќена а може да се насети и од самиот изглед на возилото.

Всушност визуелната избалансираност на која се додадени карактеристичните дизајнерски елементи на BMW јасно го покажуваат правецот по кој ќе се движат баварците во следните години.

Дали можеби некој очекува поскромен пристап во опремувањето? Тоа не би си го дозволил ниту производител со многу понизок ранг од еден BMW. Буквално сите системи на асистенции кои сеуште се под контрола на возачот се присутни и кај  “Z”-четворката. Поинаку ниту е, ниту пак смее да биде!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.