Видео
BMW XM – Сила и луксуз вон сите репери [видео]
Она што моделите на BMW се за возилата од останатите марки, тоа се М-моделите за останатите возила на баварската марка.
Затоа и секој модел кој М-дивизијата го развива од нула како свој и ексклузивно само за себе, мора да биде нешто навистина, навистина…
На него од идната година ќе му се придружи монументалниот XМ, чиј концепт кој BMW ни го претстави, просто зрачи со сила и луксуз вон сите репери.
За луксузот нема што да се каже, а за силата е доволно дека доаѓа од плаг-ин хибриден V8 со вкупно 750 KS и 1.000 Nm максимален вртежен момент.
Што можат тие допрва ќе дознаеме – засега BMW ни откри само дека ќе може со едно полнење на батериите да помине електрични 80 km.
Нема да зборуваме ни за дизајнот кој ја наелектризира јавноста – место да читате што ние мислиме, погледнете го видеото.