Во светот
BMW X7: Нова димензија на теренскиот луксуз (видео)
Првиот BMW X7 кој својата салонска премиера ќе ја доживее на американско тло, претставен и е на светската јавност. Најголемиот SAV на BMW ќе се произведува во Спартанбург (САД) а на пазарите ќе се појави во март 2019.
За негово производство искористена е технолошката основа од најголемата лимузина, BMW Serie 7, па врвниот луксуз пропратен со најсовремена техника се нешто што е сосема нормално за очекување.
Ако големината и обликот ви се допаднат, останатото е набројување на вградените системи за безбедност и удобност. Од службените видео и фото материјали може да се стекне впечаток за обликот, но димезниите се тие поради што е проектирано ова возило.
Најголемиот X-модел на BMW се протега на 5.151 mm, ширината му изнесува рамно 2.000 mm а во височина брои 1.805 mm. Оваа грамада од возило е поставена на меѓуоскино растојание од 3.105 mm вредност која гарантира комотно сместување на 7 патници наредени во три реда седишта.
Бензиските мотори ослободуваат 340 односно 462 КС додека трилитарскиот дизел може да располага со 265 во послабата, и 400 КС во посилната изведба.
Сериски сите моторни варијации доаѓаат со 8-степенска Steptronic трансмисија. Интегралниот погон секогаш е на помош при слегување од асфалтни подлоги, а новост е можноста за избор на опциски офроуд пакет кој има посебни програми за возење по песок, макадам, каменест предел или снег.
Преносот се одвива преку пневматици со големина од 20 (сериски) до 22 цола, со што и на таа позиција се покажува припадноста кон највисоките автомобилски слоеви.
Во најлошиот случај багажниот простор изнесува солидни 326 литри, но ако во кабината се сместени само возачот и совозачот тогаш се отвара простор од големи, 2.120 литри.
Пред возачот е поставена Live Cockpit дигитална табла, а за секој слуач тука е и новиот хедап дисплеј со мноштво информации.
За удобноста и вградените системи за безбедност може да се посветат неколку посебни статии. Најважно е да се знае дека во BMW X7 се присутни сите познати системи и уште неколку кои за прв пат се вградуваат во некое возило.
Тоа ќе може лесно да се провери од идната пролет за кога е најавена салонската продажба. Очекуваната цена се движи од 60К па нагоре!
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=W7pLcOLsyTM[/tube]