Во светот

BMW X5 M и BMW X6 M: баварските ракети, земја-земја

Објавено на

Со поддршка на 625 КС, третата генерација на луксузните SAV (Sports Activity Vehicle) и SAC (Sports Activity Cupe) модели на BMW поставуваат нови стандарди.

Новата генерација на BMW X5 M и X6 M напаѓаат со излезна силина од рамно 600 КС. Ако на задната страна стои ознаката Competition, бројката се искачува на уште поимпресивните 625 КС.

За производство на енромните количини силина задолжен е 4.4 литарскиот V8 со M TwinPower Turbo технологија.

Импресивната силина е пропратена со вртежен момент од исто така импресивните, 750 Nm. Од BMW тврдат дека воопшто не било едноставно да се постигнат овие вредности.

За таа цел блокот на моторот морал да биде изработен од ултра цврст челик, ладењето посебно димензионирано, а подмачкувањето со масло изведено адекватно на перформансите.

На фановите и лубителите желни за преработка, оставена им е можноста да се позанимаваат со издувните гранки. Очекувано, вртоглаво високите капацитети се пропратени од вртоглави перформанси. Забрзувањето до првата стотка е на ниво на супер спортистите – 3.9 односно 3.8 секунди (BMW X5 M и BMW X6 M).

Добар дел од заслугата за беспрекорните перформанси оди на сметка на  M xDrive погонот кој е подржан од s Active M дифернецијалот.

Очигледна е намерата на конструкторите да искомбинираат конфигурации кои според перформансите ќе бидат над сите конкуренти.

Извонредната комбинација на механичките компоненти овозможува воспоставување на нови критериуми во своите класи.

Теренските и брзинските испитувања извршени во Мирамас и Нирбургринг, резултирале со динамички карактеристики својствени само за расните тркачки машини.

Изгледот на новите X5 и X6 е во согласност со очекувањата од нови модели со ознаката. „М“. Внатрешноста е изработена по најновите стандарди на BMW а тоа што највеќе остава впечаток е можноста за избор на карактерот на возење при што модовите Sport и Track би требало да генерираат најголеми количини адреналин.

Да, и опремата е адекватно одбарана. И богато димензионирана.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.