Во светот
BMW Serie 4 Coupe: Бубрежна доминација (видео прилог)
BMW 4 Coupe прави силна визуелна отстапка и од својот претходник но и од донаторот на механичката основа. Карактеристичните бубрези никогаш не биле по доминантни.
Поточно, дека ќе ја изгуби трагата од својот механички донатор. И секако, дека силно ќе раскрсти со својот претходник.
Носител на новата визуелизација е маската на која доминираат традиционалните бубрези, но сега во XXL-формат. Променетите пропорции само го дополнуваат спортскиот впечаток.
Подолг, поширок, понизок
Должината од 477 cm (+ 12.8 cm), широчината од 185 cm (+ 2.7 cm) и височината од 138 cm (+ 0.6 cm) јасно ја покажуваат намерата да се угоди на возачите кои преферираат чисто спортско доживување.
За рамноправен третман на патниците сместени на позиции три и четири сепак ќе мора да се попричека Grand Coupe верзијата.
Во склад со имиџот е конципирана и опремата. Кожниот ентериер со спортски управувач и седишта доаѓа како стандардна опрема.
Исто како и комплетното LED осветлување, поголемиот „хедап“ дисплеј, ветробран со посебна акустична изолација, трозонска климатизација.
Бидејќи Serie 4 Coupe е дизајнирано како машина за задоволство при возење, во неа се вградува и систем за подесување на суспензијата.
За поголема крутост, инженерите имаат интегрирано дополнителни стабилизатори во моторниот простор кои практично ги има насекаде околу моторот. Постојат и дополнителни зацврстувачи на задната оска. Споредено со седанот од Serie 3, купето е за 21 милиметар пониско.
Три бензиски и два дизел мотори се во првичниот налет на Serie 4 Coupe. Тие се комбинираат со шест степенски мануелен или пак со 8-степенски автоматски менувач.
Интегралниот xDrive погон е достапен само кај M440i и 420d, додека Mild Hybrid технологијата (11 КС) не е на располагање само кај дволитрениот бензинец.
Табелата со деталните технички податоци е дадена подолу.
Цилиндри/ вентили | 4/4 | 4/4 | 6/4 | 4/4 | 4/4 |
Зафатнина | 1.998 ccm | 1.998 ccm | 2.998 ccm | 1.995 ccm | 1.995 ccm |
Гориво | Бензин | Бензин | Бензин | Diesel | Diesel |
Силина | 184 КС | 258 КС | 374 КС | 190 КС | 190КС |
при бр. на вртежи | 5.000 – 6.500/min | 5.000 – 6.500/min | 5.500 – 6.500/min | 4.000/min | 4.000/min |
Вртежен момент | 300 Nm | 400 Nm | 500 Nm | 400 Nm | 400 Nm |
при бр. на вртежи | 1.350 – 4.000/min | 1.550 – 4.400/min | 1.900 – 5.000/min | 1.750 – 2.500/min | 1.750 – 2.500/min |
48-волтна Mild-Hybrid технологија (силина) | – | – | 11 КС | 11 КС | 11 КС |
Перформанси | |||||
Забрзување 0–100 km/h | 7.5 sec | 5.8 sec | 4.5 sec | 7.1 sec | 7.4 sec |
Максимална брзина | 240 km/h | 250 km/h | 250 km/h | 240 km/h | 238 km/h |
Потрошувачка | |||||
при урбана употреба | 6.6 – 7.2 l/100 km | 7.3 – 7.7 l/100 km | 8.6 – 9.0 l/100 km | 4.5 – 4.9 l/100 km | 4.8 – 5.2 l/100 km |
на отворен пат | 4.6 – 5,0 l/100 km | 4.8 – 5.3 l/100 km | 5.7 – 6.0 l/100 km | 3.6 – 3.9 l/100 km | 4.0 – 4.2 l/100 km |
просечна | 5.3 – 5.8 l/100 km | 5.7 – 6.1 l/100 km | 6.8 – 7.1 l/100 km | 3.9 – 4.2 l/100 km | 4.3 – 4.6 l/100 km |
BMW Serie 4 Coupe во продажните салони ќе се појави кон крајот на годината, а цените сеуште не се соопштени. Најавите од BMW се дека цените ориентационо ќе бидат за 5.000 евра поскапи отколку за идентичен модел од серијата 3.
текст: Агрон Сулејман
фото: BMW