EV
BMW Serie 3: Новата тројка набргу без покривка
На парискиот автомобилски салон ( 04.10. до 14.10.) баварците планираат да го тргнат велот од седанската изведба на новата тројка.
Екипата која под будното конструкторско око подолго време се подготвува во Минхен ќе ја сочинуваат BMW Z4, потоа новото купе BMW 8 Series Coupe, четвртата генерација на BMW X5 како и новиот BMW M5 Competition.
Но главна ѕвезда се очекува да биде седанската изведба на седмата генерација на BMW Serie 3, баварецот кој е далеку најдобро продаваниот модел на минхенскиот премиум бренд.
Под мотото “Get Together – Get Your Story” светот ќе го запознае најновиот продукт на BMW на чија промоција ќе се соберат шефовите на сите развојни екипи за да ја засилат перцепцијата за вградените технолошки новитети со кои настапува новата „тројка“.