Актуелен Миг
BMW Serie 2 Active Tourer: Македонска премиера
Одблизу се запознавме со втората генерација на Serie 2 Active Tourer која е единствениот моноволуменски модел што доаѓа со баварски потпис.
Првенствено потпрени врз сопствени капацитети и ресурси тие цврсто се држеа до проектираната динамика на претствување нови модели.
Во тие планови секако учествуваше и Serie 2 Active Tourer која според сестраната употреба сеуште може да ја окарактеризираме како моноволумен.
Можеби поточно би било да говориме за облик кој е застанат на пола пат помеѓу хечбек и кросовер, но сепак тоа е помалку важно.
Втората генерација на спортскиот автомобил од премиум компактниот сегмент изобилува со динамичка експрсија. Современиот дизајнерски јазик е присутен и во надворешноста и во внатрешноста. Суштински редизајнирана внатрешност комбинира разновидни елементи од полуксузните автомобили на BMW.
„Новиот BMW серија 2 Active Tourer е одговор на предизвиците на секојдневното урбано живеење – спој помеѓу потребите за урбани активности и активности во природа, индивидуалниот и фамилијарниот живот, градските и далечните патувања.
Тој им нуди на патниците сместени на неговите пет седишта, забележително подобра удобност на подолги растојанија отколку неговиот претходник. Со совршен спој на префинетост и практичност, тој е сé што му треба на едно современо семејство“ – исткана Билјана Колемишевска при претставување на новитетот.
BMW серија 2 Active Tourer е веќе во продажба и достапен со четири варијанти на моделот: со преден погон и моќност од 136 до 218 KS. Новиот модел се произведува во фабриката на групацијата BMW во Лајпцих и ќе се нуди со мотори со внатрешно согорување, како и плаг-ин хибрид.
Новите верзии ќе се приклучат на серијата неколку месеци по претставувањето. Кај нив за првпат ќе биде вклучена BMW eDrive технологија од петтата генерација, која ја зајакнува динамиката и им дава значително подолг електричен опсег.