Во светот
BMW iX: Почеток на Баварската SUV-електрификација
Пакувајќи ги најновите иновации од областа на електрификација, автоматско управување и конективноста, BMW iX претставува технолошка локомотива на марката.
Солидна сума пари, па дури и за купувовната моќ во богатите држави. Што тоа ги тера премиум производителите на изложување на толкави развојни трошоци кои потоа се рефлектираат на продажните цени на возилата?
Пред се, тука се европските регулативи за количината на издувни гасови, а потоа и галопирачката конкуренција која доаѓа од Далечниот исток, поточно од Кина.
Технолошки знаменосец
На таквиот развој на ситуацијата „Баврската работилница“ не смее да остане без адекватен одговор. Првите најави за појавата на BMW iX беа прикажани во вид на концептот BMW iNext.
При конструкцијата е употребена сосема нова платформа која може да опслужува само електрично придвижувани возила. Таа има можност за скалесто поставување на мотори и оски, што во превод значи дека може да има по еден мотор на секоја оска и тоа со излезна силина до 300 kW по оска.
Мерено според WLTP процедурите тоа е доволно со едно полнење да се поминат дури 600 километри.
Кога ќе се земе во обзир тежината од 2,5 t ова постигнување добива посебна тежина, а уште повеќе ако се знае дека забрзувањето до првата стотка трае под 5 секунди.
Димензии слични на X5
Одличните перформанси се должат на повеќе фактори помеѓу кои BMW ги истакнува аеродинамиката, оптимизираниот пренос, ефикасноста на е-моторите, намалените механички отпори и, не помалку важно, моќната контролна електроника.
Сите наведени области претставуваат технолошки постигнувања од самиот светски врв, а доволно ќе биде само да споменеме дека делови од шасијата се изработени од алуминиум и карбонски влакна.
Отсуството на кардански пренос и издувни цевки како и активната решетка на ладилникот, помагаат во постигнувањето на рекордна аеродинамика.
Гледано според димензиите iX е најблизу до актуелниот X5, висок е како X6 (170 cm) а растојанието меѓу оските е зголемено на точно 3,00 метри.
Гледано според тие параметри BMW iX е поголем од Mercedes EQC и Audi E-Tron, а воедно е најлесен од директните конкуренти.
Убава е тоа основа за понуда на максимален внатрешен простор, при што патниците на задната клупа ќе можат да уживаат во досега невиден комфор; делумно и поради отсуството на гломазниот централен тунел на подот.
При првото појавување во јавноста конективните можности останаа само се во најава – се чека на поставувањето на 5G мрежата па да се изврши потребното прилагодување. За изгледот на внатрешноста и деталите на надворешниот дизајн, ви предлагам да го погледнете приложениот видео материјал.