Тестови

BMW 118i: Погон менува, карактер по малку!

Објавено на

Најмалиот BMW отсега ќе се испорачува со погон на предната оска, факт кој сериозно ги загрижи традиционалистите. Од неколкудневното дружење со бензинецот од 140 КС заклучивме дека сепак Баварскиот карактер останува доминантен.

Германското трио компакти останува и без последниот класичар. А- класата на Mercedes и А3 на Audi уште од самото појавување ги гонеа предните тркала, додека Serie 1 се до сега силината ја префрлаше на задната оска.

Тој факт го диктираше и долгиот нос на првите две генерации, со што маневарскиот простор за организирање на внтарешноста беше прилично лимитиран.

Притиснати од фактите на крајот и Баварците попуштија – поппречно сместените мотори на третата генерација го вртат предниот пар тркала. И тоа не е некоја драматична појава, BMW X2 иницијално исто така ја вработува предната оска.

За да се изгледа уште поинтригантно моторот од 1.5 литри има еден цилиндар помалку (само три) од порано. Ете тука некаде престануваат механичките разлики воведени заедно со промената на работната оска. Останатото е класика. Познат амбиент, премиум изработка, богато конципирана опрема.

 

Примарна разлика: динамиката

Кај сите свои модели инженерите на BMW особено внимаваат на тежинскиот распоред по оски. Тој факт кој се истакнува во секоја прилика, пресудно влијае врз возните својства и однесувањето на возилото при ектремни услови.

Токму таквиот пристап сега го отстапува местото на филозофијата „се напред“ кај која сите функции (и најголем процент од тежината) паѓаат врз грбот само на предната оска.

Грото возачи добро знаат што тоа значи. При нагли забрзувања предниот дел помалку или повеќе се подигнува, потоа при брзо возени свиоци се јавува подуправување (предниот дел тежнее да ја прошири траекторијата). Но и воопшто, соединувањето на двете функции, управување и погон, резултира со понемирен управувач.

Основното прашање гласи: дали и новиот BMW од серијата 1 се однесува така? Да, е прилично прецизен одговор, со тоа што сите овие карактеристични појави се сведени на минимум. Само екстремните услови и острото око ќе ја забележат разликата во однос на, различниот по карактер, претходник.

 

Турбо мотор со три цилиндри

Слободно може да ги избришете сите предрасуди за моторите со непарен број цилиндри. Во слујаот, трите цилиндри со по 500 ccm потпомогнати со турбо полнење ослободуваат 140 КС.

Номинално гледано тоа и не претставува некоја посебност, но овие Баварски коњи се однесуваат како да се барем за 40% во поголем број.

Моторот силно повлекува уште од најниските вртежи, и забрзува така до речиси пет илјади вртења. Отсуството на било какви вибрации и одличната акустична изолација, во состојба се да ги разуверат и најголемите скептици во трите комори за согорување.

Околу дизајнерските решенија не би правел некоја фама. Новата серија 1 може да се опише како „современа класика“ излезена од дизајнерските табли на BMW. Констатацијата важи како за надворешниот изглед така и за внатрешноста.

Разликата се прави во збогатената просторна понуда (поготово на задната клупа) која сега е на ниво на останатите премиум брендови. Опремата на тестниот примерок беше конципирана за клинетите кои не сакаат да се откажат од удобностите на кои се навикнати во поголемите модели на марката.

Добро, сето тоа и чини доста пари, а колку точно? Тоа ми е дури и малку незгодно да го кажам – најдобро прашајте си сами кај домашниот увозник!

 

BMW 118i
мотор BMW TwinPower, линиски турбо бензинец, три цилиндри, сместен напред попречно
работна зафатнина 1.499 cm3
напојување директно вбризгување на гориво, две брегасти оски, четири вентили по цилиндар,
максимална силина 103 kW / 140 КС @ 4.500
максимален вртежен момент 220 Nm  @ 1.480 – 4.600 врт/мин.
пренос на силина Stpetronic, автоматски со 7 степени, двојна спојка
потпирање Напред: Mc Pherson пружини, попречни рамења, стабилизатор                    Назад: мултилинк  оска, спирални пружини, стабилизатор
сопирачки: напред / назад вентилирачки дискови / вентилирачки дискови –  ABS, EBD, ESP
должина x широчина x височина 4.319 x 1.799 x 1.434 (mm)
меѓуоскино растојание 2.670 mm
тежина 1.320 kg
максимална брзина 215  km/h
забрзување од  0 – 100 km/h 8.5  секунди
комбинирана потрошувачка 5.6   l/100km
емисија  на CO2 126  g/km

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.