Видео

BMW претстави автомобил кој ја менува бојата [видео]

Објавено на

 

BMW на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас уште еднаш се докажа како предводник на технологиите.

Иако претходно ги откажаа сите свои промотивни активности за таму, на популарниот CES Баварците изложија автомобил кој ја менува бојата.

Предизвикувајќи сензација, прототипот на електричниот iX тоа го прави со едноставно притискање на копче во кабината.

Од BMW објаснуваат дека оваа промена се должи на специјалните пигменти кои со стимулација со електрични сигнали се потенцираат.

Како резултат на тоа тие за неколку секунди доста ефектно ја менуваат својата боја, од бела до темно сива. Како изгледа тоа во живо, погледнете во видеото.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.