EV

BMW е најдобро продаван луксузен бренд во 2020-та на Американскиот пазар

Објавено на

 

Во годината во која поради пандемијата доминираа вестите со негативна конотација, пронаоѓаме и по некоја добра вест.

Таа доаѓа од Американската централа на BMW која известува за добри резултати. Со вкупна продажба од 278.732 примероци, Баварскиот производител ја презема круната во сегментот на луксузни возила.

Зад петици им дише Lexus кој успеа да пласира 275.041 единици, а на третото место се нареди Mercedes-Benz со заостаток од само 125 возила.

Првата петорка ја заокружуваат Audi со пласман на 186.520 и Acura со 136.982 возила.

Најпродавани модели кај BMW се SUV претставниците, X3 и X5 а Serie 3 со 41 илјада примероци е најдобро пласиран седан.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.