Во светот

BMW до 2025 година ќе укине половина од погонските варијанти

Објавено на

 

Под притисок на ефикасноста, а подгреано со засилената електрификација, BMW ќе укине доста од сегашните погонски варијанти на моделите кои ги произведува.

Ако порано разноликоста и нудењето широка лепеза погонски варијанти беше предуслов за успешен пазарен настап, тоа сега повеќе не е случај.

Купувачите сé помалку се интересираат за бројот на коњски сили, дизелите загубија на популарноста а преминувањето на струја дава нови перспективи.

Како ќе се одвиваат работите на производителите сé уште не им е докрај јасно, но едно доста добро знаат – сегашната понуда не може да опстане затоа што тоа им ја подрива профитабилноста.

Затоа ќе се оди на нејзино кратење, кое во случајот на BMW ќе биде доста драстично – дури половина од погонските варијанти до 2025 година ќе бидат укинати.

Кои и кога ќе покаже следењето на интересот на купувачите – оние што се продаваат подобро ќе бидат унапредувани, а оние за кои интересот е помал ќе бидат исфрлени од понудата.

Според најавите на раководството на баварската група ќе се следи секој модел засебно, иако е јасно дека дел од заклучоците од еден модел ќе се прелеат и кај другите, можеби и низ целата гама.

Исклучоци но само делумно ќе се прават кај М-моделите.

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.