Во светот
BMW го претстави 128ti со 265 KS и 400 Nm
Од идниот месец класата врели хечбеци ќе има нов претендент.
Го носи сино-белиот пропелер на BMW што само по себе е знак дека сериозно ќе им конкурира на другите, дури и без да се види неговата ознака 128ti.
Значаен е и вртежниот момент од 400 Nm расположлив од 1.750 па сé до 4.500 вртежи, што само по себе ветува спортски перформанси.
Пакетот е комплетиран со осумстепен Steptronic Sport автоматски менувач, а на жалост за заколнатите љубители на марката погонот е на предните тркала.
Нив сепак малку ќе ги орасположат бројките кои се наоѓаат на крајот на табелата со техничките перформанси – забрзувањето од 0 до 100 km/h за 6,1 секунда и максималната (електронски ограничена) брзина од 250 km/h.
За тие пари ќе можат да се перчат со агресивно истакнатата каросерија со целосно црни маска и ретровизори, сет спојлери, двојни издувни цевки и црвени детали.
Црвена е и ознаката ti поставена на праговите пред задното тркало, а такви се и клештите на M Sport сопирачките. Од истиот М-регал доаѓаат и пружините, а пневматиците се Michelin Pilot Sport 4S.
Црвените детали се среќаваат и во внатрешноста – на спортски профилираните седишта, на вратите, командната табла, наслонот за раце со прошиено ti лого, а и амбиенталното осветлување е исто.