EV
BMW вели дека 600 km автономија се доволни
Во време кога производителите се натпреваруваат кој ќе понуди возило со поголема автономија, BMW има други размислувања.
Дејвид Ферафино, кој беше задолжен за развојот на електричниот i4, вели дека целта на BMW е постигнување автономија од 600 километри.
Според него дури и сега во Европа постои доволен број полначи за да се може да се патува од Норвешка до Италија, не прецизирајќи колку време ќе треба за тоа.
Сепак јасно е дека брзото темпо на разгранетост на електричните полначи, заедно со подобрување на технологиите кај возилата, ќе доведе до постигнување на целта што си ја имаат поставено.
Друго прашање е дали и купувачите ќе бидат задоволни со тоа.