Видео
Bentley Flying Spur Hybrid [видео]
На пат кон целосната електрификација закажана за 2030 година, Bentley претстави уште еден хибриден модел.
Се работи за луксузниот Flying Spur кој има друга, нешто посилна погонска единица отколку Bentayga со 544 место 449 коњски сили и 750 место 700 њутн-метри.
Покрај сиот раскош и луксуз претставен преку тркалата од 20, 21 или 22 инчи, двобојната кожна комбинација за ентериерот, хромираните елементи на екстериерот и друго, на возачот на располагање му стојат и три режими на возење – EV Drive, Hybrid Mode и Hold Mode.
Според планот наречен Beyond 100, од 2023 година сите модели на Bentley ќе имаат плаг-ин хибридна погонска опција, од 2026-тата ќе бидат исфрлени од понудата неелектрифицираните верзии а првиот електричен модел ќе биде претставен една година пред тоа.