EV
Bentley ќе стане електрична марка
Додека Volkswagen притиснат од електрификацијата ја крои судбината на Lamborghini, Bugatti и Ducati, за Bentley нема дилеми.
Британскиот производител истапи со храбра одлука за десет години да има целосно електрична гама модели.
Со реализација ќе се започне уште идната година кога ќе бидат претставени два плаг-ин хибридни модели, без да специфицираат кои, иако голема веројатност постои тоа да бидат Flying Spur и Bentayga.
До 2023-тата секој модел ќе има плаг-ин хибридна верзија, а првиот целосно електричен Bentley ќе пристигне во 2025-тата.
До тогаш компанијата планира целосно да престане со производство на возила со мотори со внатрешно согорување.
Оваа одлука значително им ја олесни нивната интерна студија која покажа дека најмалку 55 отсто од сегашните купувачи се заинтересирани за електричен Bentley.
Паралелно со тоа ќе се менува и процесот на производство кој треба да стане карбон-неутрален.
Bentley во моментов е најголем производител на 12-цилиндрични бензински мотори во светот.