Во светот
Bentley инвестира 2,5 милијарди фунти во електрификација и трансформација
Нема повеќе лабаво – после рекордната ланска продажба Bentley го фаќа електричниот пат кон иднината.
За тоа се најавени инвестиции од 2,5 милијарди британски фунти кои ќе се трошат наредните 10 години за остварување на револуционерните планови.
Со неа се предвидени производство на електрични возила и трансформација на капацитетите на компанијата во Велика Британија.
Првиот електричен Bentley треба да се појави 2025 година, со што ќе се одбележи уште еден преломен момент во славната историја на марката.
За Британците можеби е побитно тоа што веќе е договорено тој да се произведува дома, во погоните од кои со трансформацијата после 2030-та ќе излегуваат само електрични автомобили.