Видео

Beijing Auto Show 2020 (видео)

Објавено на

Започна првиот салон на автомобилите од прогласувањето на пандемијата.

Благодарејќи на инаетливата упорност на Кинезите, откако го одложија од неговиот редовен термин во април тие сепак успеаја да го организираат салонот на автомобилите во Пекинг.

Со тоа, тој стана прва, а најверојатно ќе остане и единствена поголема автомобилска манифестација откако коронавирусот го окупираше човечкото општество.

На него до 5 октомври неколку реномирани светски и голем број домашни изложувачи ќе ги претстават своите новитети, со здравствени мерки за заштита, кои како што се гледа, не се баш целосно почитуваат.

Покрај интензивните контроли и ограничувањето на бројот на присутни посетители, тие вклучуваат и карантин за сите кои доаѓаат од странство.

Затоа и мал е бројот на меѓународни гости – менаџери и новинари, кои преку видео линк ја следеа прес-конференцијата одржана по повод отворањето на салонот.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.